Kitabı oku: «Синџирот На Дејзи», sayfa 3
засегнати, којшто функционираше добро, но времето и ситуациите се
менуваат, а бизнисите мора да се менуваат со нив.
„Денес многу од девојките работат во летните месеци за да си ги
подмират универзитетските трошоци. Некои пак можеби сакаат нов
автомобил или патување во САД... а дел од емигрантките сакаат можност
да им праќаат пари на своите семејства за да им помогнат... или пак да ги
донесат тука и да се обединат како семејства. Многу од нив штедат за да ги
донесат родителите, па дури и сопрузите тука.“
„Но, тоа е погрешно, зар не, тато?“
„Што тоа?“
„Проституцијата... Заработувањето од девојки коишто ги продаваат
телата...“
„Законот вели дека во некои земји е... а во некои не е. Проституција, проститутки...ужасни зборови, зарем не? Знам дека зборовите се само
зборови, но не е така. Зборовите знаат да повредат. Еден ден ќе ти
раскажам за моето детство. Верувај, навистина повредуваат. Тие зборови
имаат набој од однапред замислени идеи којшто во минатото го направиле
луѓето од средната класа со безбедни работни места. Жените коишто
никогаш во животот не морале да работат и мажите коишто ги користеле
девојките навечер, откако во текот на денот ги проколнувале. Една мудра
жена на средни години еднаш ми кажа на темата за сексуалните
работнички, ’По тој пат тргнуваат многу жени во потрага по Божјата милост.‘
Те преколнувам, Дејзи, не заборавај дека си родена со привилегии. Твојата
положба во животот не е нормална... Си можела да се родиш како убава
бегалка без скршена пара. Што би дала тогаш за храна и сместување?
Размисли убаво за тоа... Твоите заклучоци може да те изненадат.
„Како и да е, веќе се обидов да објаснам дека ќе пропадневме ако не
соработувавме во тоа време со нив - но тоа сѐ уште е точно. Мажите сакаат
да легнат нешто кога се на одмор. Зачудувачки е, нели, тоа што дури и овие
прости девојки без скршена пара може да го обликуваат бизнисот? Сепак, единственото нешто што се има сменето е причината поради која девојките
сакаат пари. Во шеесеттите, тоа беше за основните потрепштини во
животот, а сега често е за луксузи...освен во случајот со бегалците, нормално. Дали е погрешно да им се помага на луѓето да ги достигнат
своите цели? Зарем не е подобро да не се критикува некој, освен ако
искрено не можеш сам на себе да си кажеш дека си бил во негова кожа?
„Јас мислам дека не е погрешно да се најде разбирање и да се направи
обид за помош, особено кога луѓето што донесуваат закони се истите тие
коишто седат по баровите навечер, движејќи ја нагоре раката ставена на
голата нога на убавата, млада непозната жена што седи до нив. Повеќето
луѓе се лицемери, пиле. Сите се со девизата ’Прави како што ти велам, не
како што правам јас.‘ Ти си уште млада, а јас сакав да те заштитам од
поникаквата страна на животот, како што направив и со мајка ти, но сфатив
дека сум погрешил. Ти работиш во фирмата, а Андалузија не е голема. Сега
кога живееш тука и имаш активна улога во заедницата, прашање на време
беше кога ќе дознаеш за репутацијата на нашето семејство.“
„А, што друго може да слушнам?“ Таа се престори во уво. Татко ѝ
никогаш не зборувал така отворено со неа за неговото семејство, за
минатото или пак за неговите деловни интереси. Меѓутоа, таа повеќе се
шокираше од себе, отколку од него. Очекуваше да биде етички понадмена, но дозна дека не е. Таа исто така сфати дека децата на училиште зборуваа
малку повеќе од вистината, не дека тоа нешто менуваше во нејзиното
размислување за нив - тие сепак сакаа да го навредат нејзиното семејство и
тоа беше доволно, независно дали имаа право или не.
Џон воздивна. „Па, исто така порано, девојките сакаа да пушат трева или
дрога. Многу од нив беа од Мароко, а најдобрите трева и лесен хашиш
доаѓаа од таму... отаде водата, всушност, од Кетама. Треба да имаш
предвид дека девојките ги гледале мажите во нивните семејства како го
пушат тоа цел живот и дека било поевтино од пиво и побезбедно од
домашна ракија. Така започнале и Моќта на цвеќето, Џими Хендрикс и
хипиците. Поседувањето дрога беше кривичен престап во Британија, и тука
исто, но локалната полиција го вртеше погледот.
„Така, девојките пушеа, и делеа со клиентите... а ни доаѓаа и итри
хипици, само за „сцената“, како што велеа тие. Беше неизбежно тоа, почнавме да снабдуваме со дрога, прво девојките, а потоа и другите. Можам
да ти кажам дека тоа беше профитабилно!
„Ќе испратевме комбе ’транзит‘, како за кампување, на еден месец во
Мароко, па додека движеше низ Кетама, ќе исчезнеше една недела.
Фармерите ќе го расклопеа возилото, ќе го наполнеа со четиристотини или
петстотини килограми дрога и повторно ќе го склопеа. По еден ден веќе се
продаваше тука. Во просек дававме еден грам за една фунта, така што во
тоа време тоа беа половина милион! Сето тоа за дадени само педесет
илјади!
„Проблемот беше во тоа што беше толку исплатливо, па и други се
обидоа да си пробијат пат. Со години се боревме со конкуренцијата... така го
застрелаа Пако. Јас бев застрелан двапати, во други прилики, а уште
десетина пати се имам спасено од повреди. Сепак, дрогата никому не
наштети. И јас пушев, а сигурно и мајка ти има пушено пред да се земеме.
Се оттргнавме од дрогата кога почнаа со неа да работат хемичарите. Во ред
беше да се земе малку кокаин или спид, па дури и трип, но кога почнаа да
ги засилуваат основните дроги, ние се повлековме.
Сега контролата ја имаат главно Ирците и Русите, а ние ги оставаме да
работат. Тие постојано се стрелаат или креваат во воздух... Нема фајде од
тоа... не е за мене и за моето семејство, но нема да порекнам дека и ние го
работевме тоа едно триесет години, ако не и подолго.
„Што друго имаше..? Шверцувавме цигари во Обединетото Кралство, каде што владата ставаше толкави даноци, што просечниот пушач не
можеше да си купи вистински цигари. Па, коцка... многу се занимаваме со
тоа. Имаме локации каде што познати клиенти може да се обложуваат на
коњски трки и слични работи... главно британски трки, иако интернетот го
консумира и тоа... Имаме локали со стриптиз, но не сме вклучени во друг
вид на порнографија... Не работиме со оружје, освен она за наша лична
заштита. Може да се каже дека правиме од сѐ по малку, но ништо
екстремно... барем не повеќе.
„Дали ти одговорив на прашањата?“
„Да... ми кажа многу работи за кои треба да размислувам... Можеш ли да
ми направиш список како минатиот пат?“
„Да, ако сигурно сакаш. Само дај ми неколку дена и не го изнесувај
надвор од дома.“
Таа се качи горе, во својата канцеларија, зашеметена. Сепак, поголемиот
дел од работите што ги кажуваа за нејзиното семејство биле вистинити.
Кога падна врз вртливото столче крај нејзиното биро, не знаеше како да
го протолкува тоа што го слушна. Се јави во кујната да пратат кафе и колач, се навали на столчето и ги качи нозете на бирото. Си ги анализираше
чувствата и се изненади кога откри дека нималку не е разочарана. Татко ѝ
образложи што и зошто се случувало, а тоа нејзе навистина ѝ имаше
логика. Порано, пред да се роди, времето било поинакво. Татко ѝ, а
несомнено и мајка ѝ, се соочувале со предизвици и се справувале со нив на
најдобриот начин за кој биле способни. Лесно беше да се критикуваат
луѓето за своите постапки, но како нејзините деца ќе го оценат нејзиниот
начин на справување со проблемите со коишто би се соочила? Со милост, се надеваше таа, но зарем не го сакаат сите тоа? Сепак, таа знаеше дека
не секогаш работите излегуваат така.
Едвај чекаше да го види новиот список од татко ѝ и да се зафати со
луѓето коишто работат во бизнисите на тој список. Сѐ се чинеше многу
повозбудливо од ’легалниот список‘.
5 ИЛЕГАЛЦИТЕ
Кога Дејзи го доби списокот со легитимни бизниси, таа ги препозна
називите на повеќето од нив, и покрај тоа што поголемиот период од
доцните тинејџерски години го помина во Обединетото Кралство на
училиште и на факултет. Меѓутоа, едно име отскокнуваше - бар на блиските
ридови, со непристојна репутација меѓу мештаните. Се велеше дека е
„бордело“ или бордел, а и на списокот беше означен како таков - еден од
пет такви „барови“ или „хотели“. Имаше седум „подведувачки“, секоја од нив
раководеше со девојки; дваесет криумчари, од кои сите имаа пренесувачи
на шверцувана роба (главно цигари) до Обединетото Кралство; три дувла за
нелегална коцка, бивш цариник кој им помагал на семејствата да добијат
лажни семејни дозволи за брачни другарки кои инаку не ќе би се
квалификувале за британска виза, како и сервис за перење пари, којшто
наплаќаше енормни четириесет отсто.
Таа немаше износи со коишто може да работи, а според сопствената
наивност, илегалците се чинеше дека не чинат многу, но се сети дека татко
ѝ рече оти тие носеле петпати повеќе пари од легалците.
Беше потребно да има уште еден отворен разговор со татка си пред да ја
разоткрие целата вистина за бизнисите на новиот список, но неизмерно му
се радуваше на тоа. Таа ја отвори темата со него, претпазливо, поради
мајка си, додека ручаа, а тој ѝ рече да се најдат во градината во три часот
попладне.
„Дали ќе оди на прошетка во градината со татко ти, Дејзи? Убаво. Како од
слика е надвор. Би сакала да дојдам со вас, но три часот... Ќе бидам
задлабочена во мојата сиеста. Зошто да не шетате подоцна, околу пет и
триесет? Тогаш можам да дојдам со вас. Знаеш дека друштвото е
комплетно со тројца, а со двајца не е“, рече таа колебливо.
„Можеби уште ќе шетаме кога ќе се разбудиш, мамо. го имаш бројот од
мојот мобилен, ѕвони ми, па ќе дојдеме по тебе.“
Се чинеше дека тоа ја задоволи Тереса, па таа се повлече во својот мал
свет, каде што сѐ секогаш беше прекрасно и сонцето постојано сјаеше или
месечината постојано беше полна.
∞
„Ако си решена да управуваш со другата страна на фирмата, сакам да
научиш како се користи огнено оружје и сакам сите да знаат дека знаеш
како се користи. Преплашен сум до смрт поради тоа што ќе навлезеш во
светов, но ако умрам утре, секако ќе треба да го направиш тоа, така што
подобро да се случи со моја помош, отколку без неа.“
„Добро, тато, многу ми се допаѓа идејата... Отсекогаш ми се
допаѓала. Како планираш да го изведеме тоа?“
„Јас, не, ќе отвориш легален, регистриран стрелачки клуб на кој ти ќе
бидеш сопственичка. Тони или некој којшто ќе го препорача тој ќе биде
менаџер, но сакам да те гледаат таму најмалку двапати неделно, па
независно дали ќе те бидне за пукање или не, ние ќе пуштиме трач дека си
добар стрелец, т.е. стрелачка. Тоа ќе ти обезбеди некаква заштита, но исто
така ќе ти најдеме и оружје коешто ќе можеш да го ракуваш добро, независно какво е. Тони ќе ти помогне да го средите тоа. Само ќе му
кажеш.“
Таа кимна со главата, веќе чувствувајќи го напливот на адреналин како
пулсира низ нејзините вени.
„Најискрено, сите овие бизниси се со прилично мал ризик, но никогаш не
се знае кога некој новајлија ќе сака да се приклучи во целата работа.
Пиштолот не треба да се користи за да се прават проблеми, јасно? Служи
само да се одбраниш во случај некој друг да направи нешто. Уште веднаш
стави со во главата дека во војна за територија нема победник. Секој
Станко или Петко од Ливерпул може да најми сто наоружани и да те
нападне и да те убие, а веројатно ќе нѐ убие и мене и мајка ти и Тони, како
и неговите луѓе додека се трудат да те заштитат. Оние старине американски
црно-бели филмови со мафијаши се само филмови. Ова не функционира
така, барем не функционирало во мое време.
„Треба да се пазиш од самостојниот стрелец... или стрелачка, во
денешно време. Имам примено неколку куршуми, од кои секој ме боли секој
ден, но тие се малку споредени со куршумите што ги примиле моите луѓе за
мене. Секој ден мислам на тие луѓе и на нивните семејства. Никогаш не го
заборавај следново: кога ќе влијаеш на нечиј живот или пак ќе го одземеш, ќе смениш многу животи, вклучително и твојот.“
Потоа обајцата ба молчеливи неколку минути. Дејзи не се осмелуваше
да го наруши расположението на татка си, а тој сакаше да остави простор
неговите зборови да фатат корен кај неговата интелигентна, но веројатно и
поводлива ќерка.
објасни за илегалците, како што ги нарекуваше тој, и за тоа каде и како
работат, ветувајќи дека во блиска иднина ќе ѝ ги даде имињата и адресите
на менаџерите.
„На крајот на краиштата, Дејзи, според мене, независно дали ти се
допаѓа тоа или не, независно дали си феминист или не, секогаш ќе има
пазар за девојки коишто продаваат секс. Старците нејќат да дупат старици -
тие не размислуваат така. Сѐ уште сакаат млади, а на педесет, шеесет или
седумдесет години, повеќе им е возбудливо да легнат дваесетгодишнички, отколку кога биле дваесетгодишници. Многу повеќе...многу, многу повеќе.
Така, сѐ додека има старци со пари, ќе има млади жени што ќе сакаат да
спијат со нив. Не се нарекува најстарата професија за џабе. Јас го гледам
тоа како сервис за наоѓање партнери. Им помага на двете страни да го
добијат тоа што го сакаат, а некои од девојките ќе си најдат и брачен другар.
„Значи, тоа е првата главна дејност, а перењето пари е втората.
Организирањето семејни дозволи за да се донесат девојки во Британија
порано беше многу профитабилно, но гласањето за Брегзит можеби стави
крај на тоа. Ќе почекаме за да дознаеме. Како и да е, перењето пари
секогаш ќе функционира зашто секогаш ќе има новајлии коишто не знаат
како да го изведат, иако да ти кажам искрено, и некои од големите фирми не
сакаат да се малтретираат. Мора да го пресметаат трошокот за перење
пари во своите цени. Всушност, многу е полесно да се изведе, отколку што
си замислуваш, ако знаеш што правиш.
„Да не имаш прашања, да не брзам премногу?“
„Не, сето ова ме фасцинира... Можеби откако ќе ми отстојат
информацииве и ќе ги разгледам деталите што ќе ми ги пратиш, ќе имам
некое прашање.“
„Нема да ти ги пратам, пиле, ќе ти ги предадам. Со илегалците треба да
се работи во најголема тајност. А тоа значи да нема непотребни записи, дури ни во семејството, па дури и таквите белешки треба да се уништат со
машина или на друг начин. Ме разбираш? Ако ставиш порака од мене во
корпата за отпадоци, може ќе ја најде чистачката или ѓубреџијата или некој
на депонија, а можеби дури и некои, на пример од Управата за јавни
приходи, коишто бараат остатоци од информации...или од медиумите. Ќе
треба да се научиш да работиш педантно кога си имаш работа со
потенцијално инкриминирачки докази. Тоа и безбедност, од која ова е дел, мора да ти бидат главна преокупација. Дали ти е јасно?“
„Да, тато. Ти ме учеше цел живот да бидам претпазлива и внимателна за
безбедноста, така што ова е само чекор подалеку.“
„Да, но претходно се секирав главно да не те киднапираат и да се држат
за откуп, а сега секирацијата е дека може да завршиме сите во затвор. Тоа
може да ја убие мајка ти, јас можеби нема да видам уште еден ден како
слободен човек, а ти можеш да поминеш години во апс... а да не ги
споменувам стотиците други животи врз кои ќе се одрази затворањето на
сите наши бизниси. Да се биде шеф дефинитивно си има привилегии, но
исто така си носи и одговорности...а тие знаат да тежат повеќе, отколку што
си замислуваш во моментов...“ Тој повторно заскита во мислите, но таа
повторно не сакаше да го наврати на темата на којашто разговараа.
„Дали си слушнала некогаш да ме наречат Мики Копилето?“ одеднаш
праша тој.
Таа навистина не беше сигурна дали слушнала или не, но епитетот и
заличи познато. „Мислам дека не, тато“, се реши да одговори таа затоа што
ѝ звучеше засрамувачки. „Зошто?“
„Па, тој надимак ме следи поголемиот дел од животот. Го имам уште пред
да тргнам на училиште. Ти не ја знаеш вистински мојата семејна историја.
Знаеш само една одбрана, стерилна верзија од неа. Јас и мајка ти
мислевме дека е подобро да не те заседламе со неа уште како мала, но
сега е време да ја дознаеш вистината. Ајде да седнеме на клупана под
сенка.
„За да почнам од почеток, морам да те вратам до Првата светска војна.
Германците ја нападнаа Белгија еден ден, па многу Белгијци отидоа во
Лондон преку Ла Манш. Тие биле главно од средната класа, но морале да го
остават поголемиот дел од својот имот зад себе. За краток временски
период, повеќе од нив останале без скршена пара. Повеќе мажи се
пријавиле во војска и се вратиле да се борат, оставајќи ги жените да се
грижат за семејствата најдобро што знаеле. Некои од нив ги надополнувале
приходите работејќи ноќе по улиците.
„Претприемчив млад Ирец по име Џон видел можност, изнајмил куќа и
ставил десетина од најубавите девојки во неа. Па, да ја скратам приказната, тој набрзо имал неколку имоти и многу девојки, а за неколку години ги
поседувал куќите. Мајка ми била едно од децата на тие жени... Белгијка од
втора генерација, може да се каже, а работела во една од куќите на Џон.
Повеќето луѓе коишто сакаат да зборуваат за моето минато велат дека таа
само се грижела за другите девојки - им готвела, чистела, ги перела и
слично, но можеби само се труделе да бидат љубезни. Не знам и не ми е
ни важно. Сигурен сум дека го правела само она што морала да го прави.
„Како и да е, Џон не можел да управува сам со својата империја и им дал
на членовите од своето семејство работни места за да му помогнат. Едно од
тие места му припаднало на еден негов брат, со име Дермот. Дермот ја
силувал мајка ми еден ден, а јас сум резултатот на тоа.
„Знам што значи изразот на твоето лице, но немој да ме сожалуваш. Ако
некого жалиш, жали ја баба ти. Таа ме родила, а израснав со неа и со
нејзината мајка. Не знам дали татко ѝ се вратил од војната или пак веќе бил
мртов кога тие дошле во Британија. Како и да е, на мојот извод од книгата
на родените стои ’Татко: непознат‘. Не се сеќавам на ништо од тоа време.
Потоа, еден ден, кога имав накај две години, мајка ми го уби Дермот со
пиштол. Пак ќе кажам, не знам што ја натерало да пресече или дали само
чекала да се погоди моментот.
„По два-три дена, влетаа тројцата синови на Дермот кај нас и ги
застрелаа и убија мајка ми и баб ми. Не знам зошто мене ме оставија
жив...можеби не можеле да убијат така ладнокрвно дете или пак не можеле
да ме убијат оти сум им бил брат, т.е. полубрат.
„Следниот дел ми е матен, но сигурно дошла полиција и ме доделиле на
старател. Џон, постариот брат на Дермот, човекот кој јас го нарекував
„татко“, потоа ме посвои и ме израсна како да сум негов. Тој немаше други
деца.
„Тој ми го смени името со посебен документ за да одговара на неговото, па станав Џон Балтимор. Не ни знам како ми биле името и презимето
првично. Џон, татко ми, никогаш не ми кажа, не ги зачувал оригиналните
документи, а јас никогаш не го прашав. Ми се чинеше дека тоа не е важно.
Тоа значи дека си половина Шпанка, четвртина Белгијка и четвртина Ирка, по крв, но половина Шпанка и половина Британка по закон.
„Како и да е, да се навратам на мојата приказна. Некои луѓе ми
завидуваа на среќата да ме посвои милионерот Џон, па ме нарекоа Мик
Копилето... „Мик“ што значи Ирец, освен ако моето првично име не било
Мајкл... или Мишел. Мик набрзо премина во Мики, а отсекогаш сметав дека
она ’копиле‘ доаѓа од ’среќно копиле‘, но можеби само затоа што така
посакував. Како и да е, ми остана надимакот.
„Децата знаат да бидат многу сурови. Со тоа име ми се подбиваа додека
бев на училиште, а повеќе вечери заспивав со солзи, додека не дозна Џон.
Ме натера да се запишам на бокс, по што престана дофрлањето со имиња...
барем во моето лице, но надимакот потоа секако не се однесуваше на
мојата легитимност, туку на моите способност и спремност да делам брзи и
безмилосни правдини со моите тупаници. Потоа, надимакот ми одговараше
на целта. Овде не го употребуваат толку многу, но сѐ уште се користи во
старата банда во Ист Енд, и покрај тоа што поголемиот дел од моите
современици сега се веќе мртви.“
Дејзи почека малку за да види дали ќе продолжи, а потоа рече, „Леле! Не
сум знаела ништо за ова. Имав слушнато разблажени трачови за мафијата и
бандите во Лондон, но никогаш не сум им посветила поголемо
внимание...барем се трудев да биде така.“
„Како што реков претходно, се трудевме да те заштитиме од моето
минато, но ти реши да станеш дел од сето ова. Сепак, може да го
занемариш тоа што ти го кажав сега ако така ти одговара повеќе. Не е
важно.“
„Значи, ако ги пишам вашите имиња на Гугл, ќе откријам нешто?“
„Можеби. Може ќе најде некои прикриени упатувања со Ричардсонови
или Керјови, но ние не бевме поврзани со нив. Татко ми Џон имаше куќи и
девојки, а потоа само куќи. Џон работеше пред да дојде времето на
големите гангстери... тие повеќе мене ми беа врсници... но работевме во
различни бизниси... можеби имало некакво преклопување. Како и да е, нашите адвокати убаво се потрудија да ги тргнат сите упатувања кон мене
или кон татко ми од интернет. Гугл соработуваше, како и повеќе други
пребарувачи, а ние откако живееме во Шпанија се држиме тајно... во секој
случај потајно од претходно.“
„А, како се запозна со мама? Дали и таа била дел од сето тоа?“
„Мајка ти? Не, далеку било! Мислам дека пред да се запознаеме таа не
ни имала отидено во странство некогаш. Сепак, тоа треба самата да ти го
раскаже, па јас не би навлегувал, но можам да те уверам дека не си плод на
насилство како мене. Всушност, обајцата ние мислевме дека не сме
способни да имаме деца. Кога бев помлад имав изедено неколку ќотеци, па
лекарите велеа дека веројатно нема да можам да имам деца... а мајка ти
рече дека поминала низ менопауза. А ни јас не бев во цутот на младоста!
Мајка ти те нарече „Божји дар“, а јас сакав да ти дадам име на цвет во
спомен на мајка ми, чиешто име беше Флер.
„Јас и мајка ти се сакавме, т.е. уште се сакаме...и јас сум ти вистински и
биолошки татко. Гледаш какви проблеми ми направи? Затоа оваа тема
поарно да ѝ ја препуштам на мајка ти.“
„Добро, тато“, одговори таа со насмевка. „На сите ни е познато дека не ти
оди со емоциите. Знаеш, јас попладнево дознав повеќе работи, отколку во
една недела на факултет. Фала ти што ми кажа... Сигурна сум дека не ти
беше лесно. Те сакам, тато. Сакаш да те испратам до куќата?“
„Не, оди ти, јас ќе поседам тука и ќе го мирисам цвеќето. Биди
внимателна, важи? Никогаш не би си простил ако ти се случи нешто.“
„Ништо нема да ми се случи. Премногу се секираш.“
„Ако ти треба нешто, што било, дојди кај мене или оди кај Тони. Гледај го
него и учи од него. Тој е добар човек и може многу да те научи.“
„Важи, тато. Не грижи се. Да ѝ кажам на Марија да ти донесе кафе со
мраз или сладолед?“
„Не, ништо не сакам. Ќе влезам за кратко. Дали она е од новите играчки
на Тони?“ праша тој, покажувајќи кон предмет на небото.
„Не сум сигурна одовде. Може да биде птица или дрон. Ако го посматраш
некое време, ќе ти каже начинот на кој лета. Да, мислам дека е дрон, но не
знам дали е негов или не. Сакаш да му се јавам и да го прашам?“
„Не, само сум љубопитен, тоа е сѐ. Ќе го посматрам и ќе одлучам сам. Ќе
се видиме после.“
„Добро, како сакаш. Се гледаме.“
„Дали ти беше среќно детството, Дејзи?“ викна тој по неа.
„Да, тато, многу.“ Потоа продолжи по патот.
„Добро. Мило ми е“, си промрморе како за себе. „Некогаш мислам дека
не поминував доволно време со тебе... Жалам за тоа, но не знаев како е тоа
можно. Жалам, пиле.“
Таа се врати во својата канцеларија, со глава преполна со нови
сознанија. Го зеде мобилниот телефон, го активираше и притисна едно
копче.
„Дали останува договорот за вечер, Тони? Одлично. Ќе се видиме во
седум. Еј, Тони, дали ти леташе дрон пред неколку минути? Не? Добро, дека
видовме еден меѓу нас и ридовите на северо-запад.“
∞
Кога Тони дојде со мерцедесот, Дејзи чекаше на предниот трем и влезе
без поголема врева.
„Дејзи, наместо да одиме крај брегот, како што предложи ти, ајде да
одиме во друг бордел вечерва - нагоре е по ридот, блиску до местото каде
што си го видела дронот. Имаме и едно казино попатно, кое може да ти го
покажам кога ќе се враќаме. Твоите две опции може да ги реализираме друг
пат.“
„Да, може, нема проблем. Значи, го виде дронот?“
„Не баш. Видов една точка во далечината, што може да биде што било.
Ќе кажам некој да оди утре да го бара со двоглед.“
„Може ли тоа да биде закана? Што мислиш?“
„Не баш, но сѐ може да биде закана. Најдобро е да се биде свесен, да се
остане буден и да се следат работите. Се трудам да избегнувам
изненадувања. Немаме несогласувања со никого, така што може да биде
што било, од ентузијасти до НТШ.
„Може да се каже дека го поседуваме селцето во кое ќе одиме сега. Таму
има убав бар, во кој има простор за дупло повеќе луѓе отколку што има
мештани. Во него работат десетина девојки, има нешто за каснување и
подиум, каде што три пати неделно се одржува и караоке. Но, не вечерва, би додал. Мразам караоке.“
„И јас.“
„Горе над барот има неколку соби, но повеќето девојки спијат во
гостинската куќа. Татко ти ги поседува двата локали, а сите во селото
работат за нас, освен две старици со мали дуќани. Сите му се многу
лојални на шефот, така што ќе биде добро да се почне од таму. Ние
почнавме да се распрашуваме, во твое име, за еден стар рудник во близина
кој не се користи веќе, а кој можеме да го претвориме во затворен стрелачки
полигон. Може да поминеме оттаму ако сакаш.“
“Да, може. Ти не оставаш да седиш простум, зар не?“
„Отсекогаш така сме работеле. Размислувај колку сакаш пред да
одлучиш, но штом еднаш ќе одлучиш, фати се за работа пред да те претрка
некој.“
„Таа стратегија се чини дека функционира. Јас сум тука да учам, те
молам научи ме.“
„Добро. Ене го селото Санта Амалија, нагоре и лево. Навистина не е
далеку од гратчето.“
„Она ли, со шест или седум градби нагоре по планината?“
„Да, а од нашата десна страна е рудникот...“ Тони заврте со автомобилот
на следниот остар свијок. „Еве го тука.“ Го запре автомобилот, но не го
исклучи моторот и не направи движења да означи дека ќе излегува. „Знам
дека сега не изгледа ништо посебно, но блиску е до селото, така што ќе
стане дел од населеното место.“ Тој возеше уште отприлика еден
километар, па застана на паркинг на којшто веќе имаше пет-шест коли и
едно такси. „Такси-возилата се наши. Дел се од тур-операторите.“
Таа кимна. „Претпоставувам дека го предупреди Рик, така, дека
доаѓаме? Добро, ќе ме пуштиш да одам прва, а потоа ти ќе влезеш по пет
или десет минути.“
„Како сакаш; ама да ми кажеш дали за пет или за десет минути. Сакам
да знам кога точно.“
„Да речеме за десет минути. Сакам да го опипам местото пред да
дознаат која сум. А, и поздрави си се пред да ме препознаеш.“ Потоа, таа
скокна од автомобилот и се упати кон напред, кон влезот. Тони го намести
алармот на саатот за девет минути и го гледаше небото.
Во меѓувреме, Дејзи влезе во барот. Ја пречекаа втренчени погледи од
персоналот и девојките коишто седеа крај шанкот, каде што се упати и таа
да седне. Осветлувањето не осветлуваше нешто особено, а имаше и повеќе
уште потемни ниши и ќошиња, а во дел од нив имаше парови. Беше
очигледно дека обемно се случува драпање.
„Здраво, госпоѓице, да не се изгубивте?“ ја праша глас којшто ја
изненади.
„Не, зошто прашувате?“
„Не ни доаѓаат тука често непридружувани млади жени. Како можам да
Ви помогнам, госпоѓице?“
„Дајте ми едно шише Сан Миг.“
„Секако, госпоѓице. Сакате мраз и чаша?“
„Не, само шише, фала.“
Тој го стави пред неа. „Чини седум евра и педесет центи.“
„Отворете ми сметка. Веројатно ќе пијам уште некое.“
„Како сакате. Ви треба друштво?“ ја праша, мислејќи дека можеби е
лезбејка.
„Можеби подоцна. Сакам да се опуштам неколку минути.“ Тој го разбра
знакот и се премести на другиот крај од шанкот за да зборува со девојките, од кои се чинеше дека сите се на нејзина возраст и сите беа подеднакво
убави. Две од нив личеа на Арапки, а една можеби беше од околината на
мароканската планина Риф. Зад неа се отвори вратата, а од зад дебелата
црвена ткаенина којашто висеше, се појави Тони. Таа го тргна погледот пред
да ја појави тој главата. Ја помина и седна пред Рик. Таа можеше речиси да
ги чуе што зборуваат. Дејзи го слушна зборот „лезбос“ и виде како обајцата
се свртија да ја погледнат.
„Здраво, Тони!“ рече таа, кревајќи ја десната рака во поздрав.
причини задоволство да гледа како се грчи изразот на лицето на Рик
кога тој си ја сфати грешката. Дејзи ги зеде пијалакот и чантичката и стана
за да се премести кај нив. Тони ги запозна.
„Дејзи“, рече таа. „Извинете за измамата, но важни се првите впечатоци.“
„Рик“, рече тој, климајќи нерасположено.
„Попладнево тука некаде видов дрон. Дали ти виде нешто, Рик?“
„Јас? Не, ама јас не ни одам надвор толку често. Овде знаеме да
работиме по цели денови и ноќи. Подобро за тоа да прашање некои од
селаните или пак, ако сакате, јас можам изутрина да ги прашам чистачките
и да му се јавам на Тони?“
„Секако. Фала.“ Тие тројца и сите слободни девојки погледнаа кон
црвената завеса кога слушнаа дека се отвора надворешната врата.